Одбележување на 22 годишниот јубилеј на АУЕ –ФОН со промоција на новата генерација дипломци и Саем за кариера
Со особена чест и голема гордост, Американскиот Универзитет на Европа ФОН ја одбележа 22-годишнината од своето основање и ја промовираше новата генерација дипломци, специјалисти и магистри, потврдувајќи ја својата посветеност на обезбедување квалитетно образование и континуиран развој. Денешната генерација дипломирани студенти не само што стекнува знаење, туку и развива практични вештини кои ги подготвуваат за предизвиците на глобалниот пазар на труд. Тие се новите лидери, иноватори и промени кои ќе го обликуваат утрешниот свет.
Во рамки на прославата, се одржа и Саем за вработување и кариера, организиран од Центарот за кариера и алумни на АУЕ-ФОН. Овој настан им овозможи на студентите директна комуникација со водечки компании, што претставува одлична можност за професионален развој и вмрежување.
АУЕ-ФОН продолжува да инвестира во настава, истражување и дигитализација, затоа што тоа е клучот за одржлив раст и развој на студентите и самата институција. За Универзитетот, секој студент е важен, а неговиот успех е најголема награда. Универзитетот продолжува со создавање нови можности за раст, образование и професионален развој, негувајќи меѓународни партнерства кои овозможуваат студентите да стекнат глобално искуство.
Покрај формалното образование, АУЕ-ФОН обезбедува и неформални образовни можности кои ги подготвуваат студентите за соочување со предизвиците на брзо менувачкиот свет. Универзитетот продолжува да вложува во програми, пракса, партнерства со бизнис секторот и иновации, со цел да ги подготви студентите за работа на глобалниот пазар.
Денешната промоција е потврда дека заедничкиот труд и посветеност водат кон извонредни резултати. На дипломираните студенти им се упатуваат искрени честитки, и им се посакува многу успех и исполнување на нивните лични и професионални цели. Новата генерација со сигурност ќе продолжи да ја пренесува визијата на Универзитетот и да придонесува за позитивни промени во општеството.
АЛБУМ 1
АЛБУМ 2






