X
притисни ентер »

Проф. д-р Татјана Срцева-Павловска примена за член на Македонското научно друштво

На 24 април 2025 година, Македонското научно друштво го одбележа значајниот јубилеј, 65 години од своето основање со свечена академија што се одржа во НУ Народен театар Битола. Во рамки на настанот, топло добредојде им беше посакано на новите членови на МНД, меѓу кои и проф. д-р Татјана Срцева-Павловска, професорка на Американскиот универзитет на Европа-ФОН.
Приемот на проф. д-р Срцева-Павловска претставува признание за нејзиниот досегашен научен и академски придонес, и дополнителен поттик за понатамошен ангажман во развојот на науката и образованието во земјава.