Светски ден на креативност и иновации – роботика во фокусот
Светски ден на креативност и иновации – роботика во фокусот
Во рамките на Светскиот ден на креативноста, Факултетот за информатика при АУЕ-ФОН беше домаќин на демонстрација на роботски технологии, организирана под водство на проф. д-р Адријан Божиновски. Овој настан ги соедини теоријата и практиката, нудејќи им на студентите можност да ги истражат достигнувањата во областа на роботиката, преку нивно активно учество во него.
Беше опишано и прикажано движење на роботска рака со 6 степени на слобода, односно мотори. Беше опишано како роботот се напојува и управува и беше прикажано како секој од 6-те мотори на роботот може да се управува одделно, со посакувана прецизност. Според проф. Божиновски, нема разлика меѓу управување на мала роботска рака и управување на огромни манипулатори коишто се користат во фабриките за автомобили, на пример - принципот на управување е ист. На овој начин, студентите се здобија со непосредно искуство и знаење коешто е применливо и во друг контекст.
Овој настан претставува чекор во подготовката на идната генерација ИТ стручњаци, кои ќе бидат способни да се справат со предизвиците на технологијата. Факултетот останува посветен на поддршка и развој на компјутерските науки и технологии и ќе продолжи со слични настани кои ќе ги инспирираат следните генерации.