X
притисни ентер »

Студиска посета и нови можности за соработка

Во рамките на соработката со Академијата за применети технички и предучилишни студии, студентите Милош Јокиќ и Немања Милутиновиќ реализираа студиска посета на АУЕ-ФОН.
Средбата со нашите професори и студенти беше извонредна можност за размена на искуства, идеи и добри практики поврзани со студентските пракси и меѓународната соработка преку Еразмус+ мобилност за студентски пракси.
 Оваа успешна размена е основа за градење на понатамошна соработка и нови заеднички иницијативи!