Практична настава во Основното Јавно Обвинителство
Студентите на Факултетот за правни и политички науки, предводени од деканката проф. д-р Сејдефа Џафче, имаа можност да реализираат практична настава во една од најреспектабилните институции во правосудниот сиистем на Република Северна Македонија, Основното Јавно Обвинителство. Студентите имаа исклучителна можност да се запознаат со практичните аспекти на постапката на гонење на сторителите на кривични дела од страна на шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, обвинителот Габрил Бубевски. Во фокус беа поставени надлежностите на обвинителите во сите фази од кривичната постапка. Низ практични примери беа согледани спецификите на истражната постапка и истражните дејствија вклучително и спецификите на обвинителниот акт.



