Посета на Агенцијата за супервизија на осигурување
Студентите од Економскиот факултет при АУЕ–ФОН, заедно со своите професори, проф. д-р Зорица Силјановска и проф. д-р Силвана Јовческа, учествуваа на работилница посветена на унапредување на финансиската писменост во Агенцијата за супервизија на осигурување.
Посетата беше организирана со поддршка на стручниот тим на Агенцијата, кој преку презентација и интерактивна дискусија ги запозна студентите со улогата и надлежностите на институцијата, значењето на осигурувањето во финансискиот систем и механизмите за заштита на правата на осигурениците.
Ваквите посети претставуваат значаен чекор во поврзувањето на теоретското знаење со практичните аспекти на финансискиот систем и придонесуваат за градење финансиски свесни и одговорни млади луѓе.

