Право во Практикa – од училница до судница
Знаењето стекнато од областа на правото мора да биде поткрепено со квалитетна пракса. Студиската програма по правни студии на Факултетот за правни и политички науки е силно ориентирана кон практична и клиничка настава, со цел студентите да стекнат применливи знаења и вештини.
Во академската 2025/2026 година, наставата ја збогатуваат истакнати практичари: судии, адвокати, активисти за човекови права. Во областа на граѓанското право, м-р Амир Абдулаи, судија на Апелациониот суд во Скопје, преку клиничка настава ги доближи практичните аспекти на граѓанското, семејното и наследното право до студентите. односи, семејното и наследното право. Клиничката настава претставува исклучителна можност за приближување на нашите студенти до секојдневната реалност на правничката професија.