Меморандум за соработка
АУЕ-ФОН, предводен од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката м-р Сезен Цаноска, од една страна, и Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој ПАБЛИК, претставувано од извршната директорка Климентина Илијевски, од друга страна, потпишаа Меморандум за соработка.
Соработката е насочена кон унапредување на образованието, стручната обука, истражувачката дејност и практичната едукација на студентите, преку заеднички проекти и активности од заемен интерес. Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката и создавање нови можности за развој на младите и академската заедница.


