Студентите по Детективи и безбедност на практична настава по стрелање
Студентите од Факултетот за детективи и безбедност во рамките на практичната настава по предметот „Ракување со оружје“ имаа вежби по гаѓање во мета/таргет. Практичните вежби се оддржаа во цивилното стрелиште „Таргетс“, кое се наоѓа кај Калето во Скопје, а под менторство на проф. д-р Митасин Беќири.
Со изведување на практичната настава, покрај теоретското знаење од докажаниот академски кадар на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, студентите ги зајакнуваат сопствените професионални капацитети кои се клучни за брзо адаптирање во нивните идни професионални предизвици во борбата против криминалот и безбедноста на граѓаните.