Ракување со оружје
Студентите од Факултетот за Детективи и Безбедност добија можност, во рамките на реализацијата на вежбите по предметот "Ракување со оружје", практично да се запознаат со целиот процес на користење огнено оружје!
Со тоа беше реализирана дел од наставната програма по овој предмет, кој нуди комбинација од теорија и практика за стекнување вредни вештини.




