Уставна демократија и човекови права: Предавање на судијата Кадриу
На Факултетот за правни и политички науки се одржа клиничка настава од страна на уставниот судија, проф. д-р Осман Кадриу. Студентите имаа исклучителна можност да се запознаат со аспектите на заштита на човековите права во постапките пред Уставниот суд. Преку клиничката настава, почитуваниот уставен судија, ја потенцираше клучната улога на Уставниот суд во политичките системи на државите како и клучен елемент на конституционализам кој претставува противтежа (ограничување) на парламентарната супрематија и извршната власт во процесот на остварувањето на државната власт и за воспоставување систем на “уставна демократија“ заснован на супрематија на Уставот.




