In Another Life
Студентите од втора година нa насоката Мултимедијален дизајн на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН, започнаа со снимање на краткометражен играно-анимиран филм со работен наслов "In another life" во продукција на Американскиот универзитет на Европа-ФОН. Екипата ја сочинуваат: извршен продуцент и сценарист, Јована Здравковска, режисер Лора Милошевска, кинематографер Димитар Цацаноски, ролјите ги толкуваат Михаела Ставревска и Стефан Мишачковски, сценограф Богде Јанакиоска, костимограф Емилија Стојческа, дизајн на продукција и избор на музика Ива Трајчева, сториборд и аниматор Рахела Цветкова, монтажа Стефан Мишачковски, асистент на режија Ива Трајчева, асистент на камера Тео Мирчевски и тон мајстор и асистент на монтажа Емилија Стојческа. Проектот е менториран од професорот Игор Шокаровски, а ќе биде премиерно прикажан на Годишната студентската изложба и проекција на дела на студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија 2025/26. АУЕ-ФОН повторно на мегдан ги соочува тероијата и праксата, како најмоќен пристап кон квалитетно образование и подготовка на студентите за предизвиците на новото време.







