X
притисни ентер »

Практична настава во Министерството за европски прашања

Студентите од Факултетот за правни и политички науки, предводени од деканката проф. д-р Сејдефа Џафче, реализираа практична настава во Министерството за европски прашања. Тие се запознаа со функционирањето и надлежностите на Министерството, особено со координацијата на институциите во подготовките за членство и преговорите со Европската Унија. Им беа претставени практичните аспекти на спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, подготовката на македонската верзија на европското право (acquis), како и координацијата на странската помош од ЕУ. Дополнително, студентите добија увид во спецификите на Реформската агенда и Планот за развој.