X
притисни ентер »

Меморандум за соработка со Соурцицо ДОО

Американскиот универзитет на Европа – ФОН, предводен од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката м-р Сезен Цаноска, потпиша Меморандум за соработка со Соурцицо ДОО, претставувано од Управителот Илија Стевков.
Соработката ќе овозможи размена на експертиза, професионална обука, заеднички проекти и нови развојни можности за студентите и вработените.
Со гордост продолжуваме да градиме мостови меѓу академијата и бизнис заедницата!