X
притисни ентер »

Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Во рамките на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ се одржа X меѓународна научна конференција на тема „Македонскиот јазик - извор на научни истражувања" на која свое излагање имаа декан Љубица Кардалеска-Радојкова и проф. д-р Татјана Срцева-Павловска од Факултетот за странски јазици при АУЕ-ФОН. Овие 10 години конференцијата потврди дека македонскиот јазик е неисцрпен предизвик но и инспирација за проучување и од македонските, но и од странските лингвисти. Програмата годинава беше збогатена со учесници од многу земји: Полска, САД, Русија, Украина, Кина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина.
На оваа значајна конференција, професорките од ФСЈ го презентираа својот реферат на тема: ,,ИМПЛИЦИРАНОТО ЗНАЧЕЊЕ КАКО КОМПОНЕНТА ПРИ ПРЕВЕДУВАЊЕТО – ДИЛЕМИ И
ТОЛКУВАЊА"