Со особена гордост ве информираме дека Американскиот универзитет на Европа – ФОН официјално го доби ISO 9001:2015 сертификатот за систем за управување со квалитет.
Ова значајно достигнување претставува потврда за нашата континуирана посветеност кон квалитетно образование, ефикасни административни процеси и постојано унапредување на услугите што им ги нудиме на студентите.
Овој процес е важен чекор кон унапредување на нашите академски и административни практики, обезбедувајќи повисок квалитет на услугите и уште подобро студентско искуство.
АУЕ–ФОН останува посветен на изградба на систем кој гарантира транспарентност, ефикасност и доверба, вредности кои се темел на современото образование.