X
притисни ентер »

Посетата на Собранието на Република Македонија

Студентите на Факултетот за правни и политички науки при Американскиот универзитет на Европа- ФОН, предводени од деканката проф. д-р Сејдефа Џафче, реализираа практична настава преку посетата на Собранието на Република Македонија. Посетата им овозможи на студентите, од практичен аспект да се запознаат со организацијата и функционирањето на Собранието, како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката. Студентите се запознаа и со, историските процеси, настани и личности кои оставиле свој белег на историјата на парламентаризмот во Македонија.
Посетата претставува дел од програмата на Факултетот за правни и политички науки за вклучување на практични аспекти во реализација на студиските програми со акцент на предметите уставно право, политички систем и вовед во правото.