X
притисни ентер »

АУЕ-ФОН го зајакнува европскиот научен дијалог преку учество во SiDnet

Проф. д-р Аземина Машовиќ од АУЕ-ФОН е избрана за член на Менаџмент комитетот на COST акцијата CA24169 – SiDnet (Science Diplomacy Network).
COST акцијата SiDnet има за цел да го унапреди полето на научната дипломатија, како мултидисциплинарна област на пресекот на науката, технологијата и дипломатијата, со цел справување со значајни глобални и геополитички предизвици. Акцијата создава мрежа за интердисциплинарна, крос-секторска и трансевропска соработка меѓу истражувачи, креатори на политики и индустриски лидери, вклучувајќи и економски аспекти при развивање на стратегии и политики.
Почетниот состанок на акцијата се одржа во Брисел, на кој земаа учество претставници од 32 европски земји.
Акцијата е во времетраење од 4 години, до октомври 2029. Ова претставува уште едно значајно признание и нова можност за унапредување на меѓународната соработка и научно-истражувачката работа на институцијата.
Линк до акцијата: https://www.cost.eu/actions/CA24169/#tabs+Name:Management%20Committee