X
притисни ентер »

Климентина Кованцалиева на CE3: Лидерски предизвици во сајбер безбедноста

Климентина Кованцалиeва, демонстратор на Факултетот за информатика при АУЕ-ФОН, учествуваше на CE3: Cyber Exercises and Experiential Education Simulation – лидерска симулација во областа на сајбер безбедноста, одржана во во Приштина, Косово.
Преку Cyber42 Leadership Simulation, учесниците се најдоа во улога на CISO лидери, носејќи стратешки и технички одлуки во реални сценарија, од справување со ransomware инциденти до управување со ризици и воспоставување на добри практики во корпоративното владеење.
Настанот овозможи развој на лидерски и комуникациски вештини и поттикна регионална соработка меѓу технички, правни и политички сектори од Западен Балкан.