Од теорија до пракса: Студентите на ФППН во Уставниот суд
Студентите на факултетот за правни и политички науки, имаа можност да реализираат клиничка настава во една од најпрестижните институции во правничката фела, Уставниот суд, и да се стекнат со исклучителни знаења од областа на уставното право како и човековите права. Со посетата на Уставниот суд студентите имаа можност да остварат реална пракса преку согледување на спецификите на инцијативата за поведување постапка за оценување уставноста на закон и уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт. Посетите на студентите на Факултетот за правни и политички науки во текот на целата академска година ќе продолжат во форма на учество на јавните седници на Уставниот суд.