X
притисни ентер »

Анимацијата во Македонија: Почетоците од Тоде Р. Блажевски.

Ветеранот на македонската анимација, Тоде Р. Блажевски, одржа инспиративно предавање во рамките на клиничката настава на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ -ФОН. Преку примери од своите анимирани филмови и карикатури, аниматорот Блажевски им ја доближи на студентите естетиката на македонскиот краткометражен анимиран филм во неговите пионерски чекори и дел од историјата на македонската анимација.