АУЕ-ФОН и МАЗ одржаа работилница на тема „Моделирање во актуарството“
На АУЕ-ФОН, во рамките на Меморандумот за соработка со Македонското актуарско здружение (МАЗ), се одржа едукативна работилница на тема „Моделирање во актуарството“.
Студентите имаа можност да се запознаат со основите и примената на актуарските модели, како и со перспективите што ги нуди оваа професија.
Особена чест беше предавањето на тема „Актуарството како професија“, кое го одржа
г-ѓа Цветлана Винцензи Маркулевска, претседателка на Македонското актуарско здружение.
Оваа клиничка настава им овозможи на студентите да стекнат практични знаења и да ги согледаат новите можности за професионален развој во областа на актуарството.