Студентите од Факултетот за правни и политички науки реализираа практична настава во Агенцијата за разузнавање
Студентите на Факултетот за правни и политички науки, предводени од деканката проф. д-р Сејдефа Џафче, имаа можност да реализираат практична настава во една од најреспектабилните институции во Република Северна Македонија, Агенцијата за разузнавање. Во рамките на посетите студентите имаа прилика практично да се запознаат со спецификите на надлежностите на Агенцијата за разузнавање со акцент на постапките на собирање, обработка, анализа, проценка, размена, чување и заштита на податоци и информации од значење за безбедноста, одбраната, надворешно-политичките и економските интереси на Република Северна Македонија.
