X
притисни ентер »

АУЕ – ФОН и Македонското актуарско здружение потпишаа Меморандум за соработка

Денес, на 16 октомври 2025 година, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Американскиот универзитет на Европа – ФОН, претставуван од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката Сезен Цаноска, од една страна и Македонското актуарско здружение, претставувано од претседателката Цветлана Винцензи Маркулевска, од друга страна.
Оваа соработка отвора нови можности за: едукација, стручна обука и усовршување, размена на знаење и експертиза, заеднички научни и истражувачки проекти, вклучување на експерти во наставниот процес на АУЕ – ФОН.
Потпишувањето на овој меморандум претставува заеднички чекор кон унапредување на образованието, практичната примена на знаењето и создавање на посилна врска помеѓу академската и бизнис заедницата.