Од дипломска до издание: „Тивка војна“ ја отвора новата страница на македонскиот стрип
На 7 октомври 2025, во „Буква“ се одржа промоција на стрипот „Тивка војна“ од Методија Стојановски, алумнус на Факултетот за дизајн и мултимедија на Американскиот универзитет на Европа - ФОН. Издавач е „Чудна шума“ и е забележано како нивно прво издание од македонски автор кое припаѓа на жанрот стрип / графички роман. Промотори беа: Билјана Црвенковска и проф. м-р Антонио Аранѓеловиќ.
Стрипот „Тивка војна“ беше реализиран како дипломска работа на Методија Стојановски, под менторство на проф. м-р Антонио Аранѓеловиќ, кој истакнува: „Визуелната реализација во стрипот изобилува со исклучителна умешност, сочинета со питомата и мајсторски извезена линија на Методија, оплеменета со тонските градации, точно доловувајќи ни ја атмосферата во која треба да не втурне магијата на нарацијата, трпеливо и внимателно хранејќи не залак по залак низ приказната.“
Му честитаме на Методија за реализираното дело, и горди сме на нашата алумни заедница.



