Младински дијалог за сајбер насилство
Климентина Кованцалиева, демонстратор на Факултетот за информатика при AУЕ-ФОН, учествуваше на Youth Policy Dialogue за сајбер насилство, одржан во Берлемон на Европската комисија во Брисел.
Дијалогот беше посветен на претстојниот Европски акциски план против сајбер насилство, со фокус на едукација и подигање на свеста, посилна поддршка за жртвите, поефикасни механизми за пријавување и посебно внимание кон ранливите групи.
Како претставник на организацијата Младите од семејна разновидност/Youth of Diverse Families), таа придонесе кон дискусиите за унапредување на превенцијата, поддршката за жртвите и дигиталната писменост.