Во рамките на Еразмус соработката, гостин на АУЕ-ФОН беше професор Никола Милутиновиќ од Академија за техничко-воспитувачки стручни студии - Ниш.
На средбата со нашите студенти, професорот ги претстави можностите за студентска размена на искуства што го менуваат животот и отвораат нови хоризонти!
Посетата продолжи во Технолошкиот парк N99, каде што остварија средба со Ѓорѓи Чековски, поранешен кошаркар и активен поддржувач на младинските иницијативи.