X
притисни ентер »

КОНКУРС ЗА ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ ЗА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Американскиот Универзитетот на Европа - ФОН распишува конкурс за доделување финансиска поддршка за студенти за престој на високообразовните институции носители на Еразмус Повелба за Високо образование, за остварување на индивидуална мобилност за студенти - за летен семестар во академската 2023/2024 година согласно Правилникот за академска мобилност на ЕУ – Еразмус.

 

Времетраење на мобилноста: 1 семестар (3 - 5 месеци).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу АУЕ - ФОН и високообразовните институции носители на Еразмус Повелба за Високо образование.

Еразмус+ мобилност за студенти може да се реализира доколку студентот ги исполнува следните критериуми:

Просек над 9.00

• Заверен III семестар

Потребни документи за мобилност за студенти:

• Уверение за положени испити

• Б1 сертификат за познавање на англиски јазик

• Мотивационо писмо (кон универзитетот)

• Kратка биографија (Europass)

• Портфолио

Кандидатите документите ги поднесуваат на следната маил адреса [email protected] најдоцна до 3ти ноември 2023.

Листата на универзитети со кои имаме соработка може да се најде на следниот  линк 

 

 АУЕ - ФОН УНИВЕРЗИТЕТ

 Канцеларија за меѓународна соработка и глобални иницијативи