X
притисни ентер »

Проект за медиумска писменост на УСАИД "Младите размислуваат"

Американскиот Универзитет на Европа – ФОН и оваа година, преку Факултетот за економски науки, продолжува со едукација на студентите за медиумска писменост како дел од проектот на УСАИД „Младите размислуваат“


Во услови на дигитална ера, изложеноста на младите на различни медиуми е главната причина зошто треба да бидат медиумски писмени. Оттука, студентите на АУЕ - ФОН преку медиумската писменост ќе можат да ги разберат пораките од различните медиуми, да воочат дали и кои информации се веродостојни, да размислуваат критички и да ја разберат улогата на медиумите. Само медиумски писмени млади луѓе ќе бидат способни да бидат активни и подготвени да учествуваат во јавниот живот! Повеќе информации на https://bit.ly/3ag7bBZ