X
притисни ентер »

Посета на Основниот Кривичен суд, Скопје 1

Студентите на факултетот за правни и политички науки, предводени од деканката проф. д-р Сејдефа Џафче, имаа можност да реализираат практична настава во една од најреспектабилните институции во судскиот систем во Република Северна Македонија, Основниот Кривичен суд, Скопје 1, во Скопје. Со денешната посета се отпочна со серијата од четирите стручни и практични посети на студентите на Факултетот за правни и политички науки. Во рамките на посетите студентите имаа прилика практично да се запознаат со спецификите на казнено процесната материја: практично согледување на предметите од областа на казненото право преку анализа на судски предмети како и спецификата на постапката преку присуство на јавни судења.
Отворена благодарност до претседателот на Основниот Кривичен суд, Скопје 1, судиите, секретарот на судот како и до стручните соработници за нивната беспрекорната професионалност и подготвеност за унапредување на образовниот процес. Беше чест и привилегија за студентите да се стекнат со практични знаења од докажани и проверени професионалци во правничката фела.