Посета на проф. Леонард Бусутиљ од Универзитетот на Малта
Американскиот Универзитет на Европа - ФОН имаше чест да го пречека проф. Леонард Бусутиљ, доцент на Универзитетот на Малта. Тој беше пречекан од ректорот, проф. д-р Саво Ашталкоски, и проректорот, проф. д-р Славчо Чунгуpски.
На средбата се разгледуваа можности за академска соработка преку Erasmus+ програмата, вклучувајќи размена на студенти и професори, како и заеднички истражувачки проекти. Разговорите вклучуваа потенцијални иницијативи во областа на компјутерското образование, моден дизајн и спорт, со цел да се подобрат знаењата и практичните вештини на студентите и академскиот персонал.
Оваа посета претставува уште еден важен чекор во посветеноста на универзитетот за интернационализација и зајакнување на партнерствата со реномирани образовни институции низ Европа.
Американскиот Универзитет на Европа - ФОН останува посветен на поттикнување на висококвалитетно образование и меѓународна соработка!


