X
притисни ентер »

Одбележување на светскиот ден на уметноста

Одбележувајќи го светскиот ден на уметноста,15 април, Факултетот за дизајн и мултимедија при  АУЕ - ФОН, ја промовира виртуелната онлајн изложба и проекција на завршните дела на студентите од академската 2022/23 година, од областите: графички дизајн, мултимедија и моден дизајн.

Со посетата, имате можност да ги прегледате делата од следните генерации на дизајнери, кои ги развиваат своите креативни потенцијали под менторство на искусни професори во инспиративна студентска заедница. Во текот на студиите, студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија ги истражуваат различните аспекти на уметноста и дизајнот и ги применуваат своите знаења во реални проекти. https://www.auefondesign.com/

Идни студенти на Факултетот за дизајн и мултимедија, дознајте повеќе за програмите, процесот на аплицирање, можностите за стипендии и финансиска помош и придружете ни се во уметничката и креативната заедница. https://fon.edu.mk/content.aspx?cid=35