Американскиот универзитет на Европа-ФОН и МЕСФ - Прва едукативна програма за еспорт
Американскиот универзитет на Европа-ФОН и МЕСФ
- Прва едукативна програма за еспорт

Скопје, Северна Македонија (09 Април 2024) - Американскиот универзитет на Европа-ФОН (АУЕ-ФОН) најавува нова соработка со ,, Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ)”. Целта на оваа соработка е преку взаемно организирани едукативни програми, настани, турнири, младите луѓе во нашата држава и регионот да добијат вистинска слика за тоа што еспортот претставува денес. Од голема важност е младите луѓе да добијат соодветна едукација и насоки за можностите коишто ги нуди овој спорт денес.
Еспорт е индустрија којашто се повеќе расте од година во година, а со тоа и создава многу можности за понатамошни професии на младите луѓе. Една од главните цели е да се претстави разликата помеѓу рекреативното играње видео игри и професионалниот гејминг, којшто е суштината на еспортот.
“Американскиот универзитет на Европа-ФОН се трансформираше и во својата агенда постави нови постулати на работењето на оваа наша прва високообразовна институција во државава. Спојот на формалното образование, сертифицираните курсеви и тренинзи отворија широк дијапазон на нови програми за обука и дообука која ги зголемува можностите за соработката со институциите од нашата држава. Една од поваќните за нас соработки која ја започнавме неодамна е со ЕСПОРТ федерацијата, но и гејминг популацијата која и како спорт но и како култура, вредност и начин на живеење ја има кај нашите млади генерации на талентирани деца со реални вредности. Токму тука нашиот универзитет ќе помогне да даде свој придонес со својот либерален но и практичен пристап и да отвори можност овие генерации да бидат успешни во нивниот спортски дух но и во нивниот образовен развој” – изјави м-р Сефер Цаноски, Претседател на Управен одбор на Американскиот универзитет на Европа-ФОН
Водечките еспорт организации денес, се составени од голем кадар на луѓе којшто овозможува организацијата да функционира на највисоко ниво. Професионалните тимови имаат свои тренери, специјалисти за маркетинг и односи со јавност, спортски менаџери, адвокати итн.
“Голем број на млади луѓе во нашата држава и ширум светот мислат дека единствената опција за професионално занимавање со еспорт е да се биде професионален играч. Нашата заедничка цел е да ги претставиме и другите можности во еспортот за започнување на професионална кариера”. - изјави Бобан Тотовски, претседател на МЕСФ.
Американскиот Универзитет на Европа ФОН, со своето долгогодишно искуство и познавање на еспортот, заедно со ,, Македонската Еспорт Федерација”, ќе развијат програма за едуцирање на младите генерации коишто сакаат својата кариера да ја насочат кон оваа индустрија.
За Американскиот универзитет на Европа-ФОН
Американскиот универзитет на Европа - ФОН е приватна високообразовна институција основана во 2003 година како Факултет за општествени науки. Со непрекинати инвестиции во својот развој, универзитетот се ребрендира во 2020 година во Американски универзитет на Европа-ФОН, следејќи ги светските трендови во високото образование. Сега, како водечка институција во приватното образование, нуди програми на прв и втор циклус на студии со фокус на светски стандарди и стимулирање на конкуренцијата. Постигнати се значителни успеси со преку 10 000 завршени студенти, што го потврдува неговиот ангажман за квалитетно образование и трансформација на заедницата. Мултидисциплинарниот пристап истражување-практика има стратегиска улога во пресретнување на потребите на претприемништвото и адаптирање на студентите на промените во светот денес.
Американскиот универзитет на Европа - ФОН останува фокусиран на трансформација на животот и заедницата преку квалитетно образование.
⦁ Повеќе инфо:
Website: https://fon.edu.mk/
⦁ Следи не на
Facebook: https://www.facebook.com/FONUniversity
Instagram: https://www.instagram.com/aue.fon.university/
YouTube: https://www.youtube.com/user/FONUniverzitet
Twitter: https://twitter.com/i/flow/login?redirect_after_login=%2FFONUniversity