Едукативно и корисно предавање од скулпторката Надиа Розева
Интересно, едукативно и исклучително корисно предавање беше одржано денеска пред студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија, од страна на Надиа Розева една од најреномираните авторки од областа на уметничкиот медал. Розева е скулптор и јувелир која во моментот живее и твори на релација Софија - Скопје, при што фокус на незиното творештво е уметничкиот медал, кој децении наназад представува примарна цел на незините уметнички и научни истражувања.
Во текот на интерактивното предавање кое предизвика голем интерес, гостинката на нашите студентите им ја пренесе дистинкцијата помеѓу традиционалниот и модерниот медал. Студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија имаа уникатна можност да ја согледаат улогата на инспирацијата како клучен момент и големата поврзаност помеѓу дизајнот и израбоката на уметничкиот медал.
Покрај презентација на делата на уметничката Надиа Розева, студентите имааа можност да гледаат и краток филм како изгледа еден технолошки процес на изработка на медал. Договорено е во текот на следниот семестар да се организира работилница на која со примена на традиционални материјали, студентите ќе имаат практична можност да се запознаат со процесот на изработка на уметничкиот медал.
Уметничката Надиа Розева прв циклус на студии има завршено на Американскиот Универзитет „RuTgers“, а неколку специјалистички студии има на престижни универзитети и институти во Њу Јорк, Берлин, Лондон и Виена. На Националната Академијата за Уметност, во Софија, М.М.А. насока за Арт медал, ментор и бил еден од најпризнаените професори од областа на уметничкиот медал, Богомил Николов, кој патем, е основач на Студиото за скулптури и Медали при Националната академија за уметност во Софија, Бугарија, добитник на престижната награда за посебни заслуги SALTUS, која му ја има доделено Американското нумизматичко друштво.
Розева е соработник на списанието “TНЕ MEDAL“ на Британското здружение за медали за уметност. Во текот на својата карирера, таа имала изложби во голем број на држави помеѓу кои: Бугарија, Франција, Велика Британија, САД, Канада, Јапонија, Белгија, Финска, Шведска и Словачка.
Автор е на повеќе големи признанија и награди, меѓу кои се издвојуваат наградата за медалот за комеморација на 30 бугарски антратски експедиции, гран-при статуетката на филмскиот фестивал „Златна роза“ во Варна, идентитетските иглички на Женскиот бизнис форум на списанието Форбс (Бугарија) 2022 /23 година, како и идентификацискиот брош за Фондацијата „ПОДОБРИ “ против семејно насилство.
Розева е член на FIDEM – Internationale Federation de la Medaille од 2004 година, како и почесен член на Словачкото уметничко здружение за медал – SAMS.





