X
притисни ентер »

Проф. д-р Адријан Божиновски е дел од тимот на наставен кадар на Факултетот за информатика

Американскиот универзитет на Европа – ФОН од денес го збогати тимот на наставен кадар на Универзитетот со ангажирање на проф. д-р Адријан Божиновски, како редовен професор на Факултетот за информатика. Му посакуваме добредојде на професорот Божиновски кој има повеќе од 15 години академско искуство од областа на роботиката, вештачката интелегенција и алгоритми.

АУЕ – ФОН како приватен универзитет е двигател на промените во образованието и во општеството и за таа цел постојано инвестира во квалитетен наставен кадар којшто е подготвен своето знаење и искуство да го пренесат на новите генерации, пресретнувајќи ги потребите на претприемништвото и оспособувајќи ги студентите со промените со кои светот се соочува денес.

Инвестираме и во нови студиски програми, затоа што нашата визија е преку инвестициите во образованието да ги покренеме иновациите и да креираме нови вредности, како клучна алатка за трансформација на општеството во кое живееме.

Упатуваме искрени честитки за професорот Божиновски и посакуваме заеднички успех во обезбедувањето на дополнителни вредности за идните генерации студенти на Факултетот за Информатика!