АУЕ – ФОН И Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности потпишаа Меморандум за соработка
Американскиот универзитет на Европа – ФОН потпиша Меморандум за соработка со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, петгодишна иницијатива имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемништво и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.
Целта на соработката е да се обезбедат можности за практикантство, обуки и волонтирање за студентите кои студираат графички дизајн и мултимедија на Факултетот за дизајн и мултимедија при АЕУ – ФОН. Преку работа во реално окружување, младите ќе имаат можност да го преточат теоретското знаење во пракса и да ги зајакнат своите вештини, со што ќе бидат подобро подготвени за пазарот на труд.
Потпишувањето на Меморандумот следува по ангажманот на студентите од трета година од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ - ФОН, кои беа вклучени во брендирањето на канцелариите на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, што подразбира изработка на идејно решение за брендирање на просторот и финална реализација. Студентите Ана Марија Мишачковска, Матеа Грнчароска, Андријана Антова, Теодор Петровски и Иван Неделкоски беа ангажирани за изработка на прекрасните мурали кои веќе ги разубавуваат канцелариите на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.
Преку петгодишната активност, УСАИД ќе им обезбеди економски можности на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија, ќе ги зајакне нивните вештини за работа, напредок во кариерата и граѓанско учество, ќе се поддржат креативни настани предводени од младите, иновации, истражувачка работа и ќе се промовираат вредности како одговорност, етичност и интегритет.









