CybHER
Климентина Кованцалиева, демонстратор на Факултетот за информатика при АУЕ-ФОН, учествуваше како панелист на завршниот настан од проектот CybHER, организиран од British Council. Како учесничка во програмите за сертификација и менторство, таа го сподели своето искуство, истакнувајќи ја важноста на практичното знаење, менторската поддршка и развојот на лидерски и комуникациски вештини.
Посебен акцент беше ставен на значењето на заедницата и меѓусебната поддршка како клучен фактор за раст и мотивација во индустријата, со што се потврдува и улогата на АУЕ-ФОН во поттикнување на вакви иницијативи и развој на млади професионалци.
