X
притисни ентер »

Информација за реализирана практична настава на Факултетот за правни и политички науки

На Факултетот за правни и политички науки, во текот на академската 2024/25 година, се реализираа повеќе од 30 стручни посети и преку 130 часа практична/клиничка настава во најреспектабилните институции во правниот систем на Република Северна Македонија меѓу кои: Собрание на РСМ, Уставен суд, Основен Кривичен суд – Скопје 1, Основен Граѓански суд – Скопје 1, Академијата за судии и јавни обвинители, Народен правобранител, канцеларијата на Совет на Европа, Министерство за правда, Europe House, Казнено поправниот дом – Идризово, Комисијата за хартии од вредност, Сојузот на синдикати, Фондот за осигурување на депозити. Зедоа учество на голем број на семинари, работилници, тркалезни маси и проектни активности. Имаа прилика да следат клиничка настава од страна на практичари, судии, адвокати, стручни соработници како и експерти во областа на правото.

Извештај