ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРАВНИ И ПОЛИТИЧКИ НАУКИ И ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕТЕКТИВИ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ АУЕ-ФОН ЈА ПОСЕТИЈА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
Студентите од Факултетот за правни и политички науки и Факултетот за детективи и безбедност при Американскиот универзитет на Европа-ФОН, предводени од деканката проф. д-р Татјана А. Балоска и проф. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска, ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител и се запознаа со улогата и надлежностите на Народниот правобранител во заштитата и промоцијата на човековите права, начинот на поднесување претставка, начинот на постапување по претставката, како и начинот на кој се констатира повреда на некое уставно или законско право на граѓаните.
На средбата, се зборуваше за овластувањата и мерките кои Народниот правобранител ги презема во насока на заштита и промоција на човековите права, начинот на подготвување на Годишните извештаи, како и ефектите од поднесувањето на Годишниот извештај на Народниот правобранител до Собранието на Република Северна Македонија. Студентите беа запознаени и со другите надлежности на Народниот правобранител, како што се неговото дејствување како Пријател на судот и Механизмот за граѓанска контрола, Националниот превентивен механизам и неговата надлежност во обезбедување надзор врз институциите од безбедносно-разузнавачкиот сектор.

