X
притисни ентер »

Мостови на искуството: Зајакнување на сениорското волонтирање за одржлив развој низ Балканот

Професорите од насоката Спортски менаџмент при Факултетот за економски науки, заедно со дел од административниот кадар, земаа активно учество на регионалната конференција „Мостови на искуството: Зајакнување на сениорското волонтирање за одржлив развој низ Балканот“.
На конференцијата беа разменети искуства, добри практики и иновативни пристапи во насока на унапредување на сениорското волонтирање, интергенерациската соработка и одржливиот развој. Посебен акцент се стави на волонтирањето во спортот каде проф. д-р Лиза Пантековска имаше свое излагање.
Горди што сме дел од иницијативи кои градат мостови на знаење и заеднички напредок.