Меѓународни проекти
- GEOBALKANS – Erasmus+Strategic Partnership for Transdisciplinary Balkan Studies: Geophilosophy of the Balkans
- ViCESAgreement Number: 144650-TEMPUS-2008-IT-JPGRGRANT AMMOUNT (Euro): 819840,00
- Innovation and Knowledge Management towards eStudent Information SystemAgreement Number: 511342-TEMPUS-1-2010-1-UK-TEMPUS-JPGRGRANT AMMOUNT (Euro): 571.065,30
- Enhancing the quality of distance learning at Western Balkan higher education institutionsAgreement Number: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGRGRANT AMMOUNT (Euro): 713.818,93
- INTERFACE – Developing and setting up measures for initiating, enhancing and sustaining Higher-Education-Society CooperationAgreement Number: 511224-TEMPUS-1-2010-1-AT-TEMPUS-JPHESGRANT AMMOUNT (Euro): 855.924,99
- COST Action IS1004 WEBDATANET
- UNESCOFree resources for technology enhanced creative teaching in primary and secondary schools.
- COSTTowards the Integration of Transectorial IT Design and Evaluation.
- UNESCO 2Бесплатни веб ресурси за учење на лица со оштетен вид
Национални проекти
Проект Бр. 13-3606/2 одобрен и финансиран од Министерство за наука и образование, Република Македонија
• Времетраење: 2 години (2010-2012)
• Цели на проектот:
Последниве неколку години бележат тенденција на зголемена понуда од курсеви по странски јазици наменети за деца од предучилишна возраст. Овој тренд е во духот на светските едукативни политики за воведување задолжителен странски јазик на што порана возраст (на пр. Англија, Шведска).
Од научен аспект, предноста на раната возраст за изучување на странски јазик се темели на т.н. претпоставка за ‘критичен период’ од животот за време на кој човекот е најподготвен за учење јазик (Lennenberg 1967). Иако постоењето на истиот е сеуште недокажана хипотеза за изучување на странски јазик, непобитен е фактот дека децата се поуспешни изучувачи на странски јазици, кога се разгледуваат како група и кога се оценуваат долгорочно.
И покрај популарноста на детските курсеви за странски јазици, широката јавност има низа прашања околу вакво изучување на странски јазици: Од која возраст е најдобро да се почне? Дали се оптоварува детето? Колку јазици може да се учат напоредно? Дали детето нешто воопшто ќе научи? Целта на предложениот проект е продлабочување на научните знаења од областа на рано изучување на јазик преку обид да се одговори на дел од постоечките дилеми. Тоа ќе се постигне преку експериментално истражување во кое ќе се споредува компетенцијата по странски јазик (најмногу англискиот) кај деца кои започнале да го учат во предучилишна возраст (4-6 години) и оние кои прв пат се сретнале со тој јазик во формални услови (училница), како задолжителен предмет во прво одделение. Поконкретно, децата ќе се споредуваат во две временски етапи (на почетокот на учебната година и на крајот од учебната година), во низа однапред одредени јазични вештини.
Од дидактички аспект, во проектот се планира да се вклучи и експериментална група на деца со која ќе биде тестиран ефектот на фоникс (phonics) како систем за изучување читање и пишување на англиски јазик кај деца на кои тој не им е мајчин јазик. Од теоретски аспект, предложениот проект дополнително ќе ги спореди децата рани изучувачи на англискиот со деца-рани изучувачи на францускиот јазик за да се анализира опсегот на влијанието на англискиот јазик вон формалната средина во која се изучува истиот. Понатаму, француско-англиски билингвални и француско-англиско-македонски трилингвални деца планирано е да се вклучат во проектот за да се тестира когнитивната подготвеност на децата за изучување на повеќе јазици одеднаш.
Резултатите од истражувањето ќе бидат теоретско корисни, а ќе најдат и директна примена во едукативната пракса и јазичното планирање на Р. Македонија.
Врз основа на добиените резултати би дале иницијатива до Министерството за образование и наука да му го олесни пристапот до предучилишно изучување на странски јазик на секое дете и да го инкорпорира со компјутерско описменување. Бидејќи очекуваме фоникс-методата коренито да им го олесни изучувањето на англискиот јазик посебно на македонските изучувачи на истиот, заради сличноста со изучување на македонската азбука, би го ревидирале и надополниле постојаниот Прирачник за наставници по англиски јазик во рана училишна возраст. Овие мерки, би опфатиле и предлози за најсоодветно оценување на знаењето по странски јазик кај деца од раноучилишна возраст.
Резултатите од истражувањата ќе бидат јавно достапни преку нивна дисеминација во медиумите, организирани семинари и работилници, како и низ стручни публикации.
• Членови на тимот:
Главен истражувач: доц. д-р Ана Лазарова-Никовска, Универзитет ФОН, Скопје, Македонија
Истражувач-соработник: д-р Тереза Пароди, Универзитет на Кембриџ, Англија
Млади истражувачи: Виш лектор м-р Љубица Кардалеска, лектор м-р Искра Стаменкоска, двете од Универзитет ФОН, Скопје, Македонија
Останати истражувачи: проф. д-р Лиљана Калиниќ-Ордев, Виш лектор м-р Наташа Алексоска, Универзитет ФОН, Скопје, Македонија, Биљана Маричиќ-Јакимовска, психолог-психотерапефт, Младост’, ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје.
Статистиката ја изработува: асс. м-р Емилија Камчева, Универзитет ФОН, Скопје, Македонија
- Проект Брstrong 13-3965/1 одобрен од Македонското министерство за наука и образование
- Времетраење: 2 години (2010-1012)
- Цели на проектот
- Членови на тимот:
- Главен истражувач: проф. д-р Лилјана Митковска, Универзитет ФОН, Скопје (liljana55@yahoo.com)
- Истражувачи: проф. д-р Елени Бужаровска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје (elenibuzarovska@t-home.mk ) доц. д-р Марија Кусевска, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (kusevska2003@yahoo.com)
- Информатичар: доц. д-р Славчо Чунгурски, Универзитет ФОН, Скопје (chungurski@gmail.com)
- Помлади истражувачи: асс. м-р Анастазија Киркова-Наскова, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје (akirkova@mt.net.mk) лектор Ивана Живковиќ-Кеврешан, Универзитет ФОН, Скопје (zivkovich@gmail.com)
Корпусни истражувања на англискиот меѓујазик на македонските изучувачи: Усвојување и меѓујазично влијание
Лилјана Митковска, Марија Кусевска, Елени Бужаровска Скопје: Прв приватен универзитет-ФОН 2013 ISBN 978-608-4506-32-4 Mitkovska, Liljana and Kusevska, Marija and Buzarovska, Eleni (2013) Корпусни истражувања на англискиот меѓујазик на македонските изучувачи: Усвојување и меѓујазично влијание. ФОН Универзитет, Скопје. Корпусни-истражувања-Вовед (download here) Summary_Eng (download here)- Меѓународната конференција за применета лингвистика: Практиката во јазикот, јазикот во практиката
Интерни проекти
Во соработка со реномирани македонски компании, ФОН универзитетот ја започна кампањата “И во Македонија се може”, со која веќе три година по ред се стипендраат најдобрите матуранти од земјава.
Фабрика на знаење е наставно-научен и апликативен проект на Универзитетот ФОН со кој се спојуваат студентите, бизнис заедницата и јавните институции на едно место, во насока на реализација на поставените задачи. Целта на проектот е да се создадат реални и квалитетни производи од страна на студентите, како зададена задача од партнерските компании кои учествуваат во проектот. Фабрика на знаење се обидува за првпат кај нас да ја конкретизира соработката на високообразовните институции и реалниот сектор.
Преку проектот Фабрика на знаење се имплементираат теоретски стекнатите знаења во текот на студирањето, се промовира потенцијалот на нашите студенти пред идните работодавци, а воедно и се потенцира квалитетот на едукативниот процес со кој Универзитет ФОН може да се гордее.
Право на учество во проектот Фабрика на знаење имаат студентите од прва до петта година заради неопходноста од поседување одредени предзнаења за учество во проектот. Проектот е конципиран интередисциплинарно, односно учество во проектот земаат студентите од сите факултети кои се дел од Универзитетот ФОН. Ваквиот концепт ја овозможува комплетната реализација што би можела да ја даде некоја етаблирана компанија, со оглед на разновидноста на едукацијата која ја имаат сите студенти, кои се дел од проектот.
Целите на овој проект се поделени во два дела.
Првиот дел се однесува на употребата на тимовите како една од најважните алатки во функционирањето на многуте компании. Целта на формирањето тимови од студенти е тие да служат како еден вид организациска алатка за решавање на проблемите со кои ќе се соочуваат. За да се постигне внатрешна кохезија и флексибилност, тимовите се составени од студенти чии работни вештини се поврзани со проблемот со кој се соочуваат. Во рамките на тимот, исто така, постојат ефикасни канали на комуникација поддржани од самата желба на членовите на тимот да споделат идеи и знаење.
Реализацијата на зададените активности оди во следните чекори:
- Во рамките на тимот студентите ја делат работата во три нивоа и тоа: на индивидуално ниво, на ниво на тимот и на ниво на поголема организациска структура; со цел успешно завршување на задачите.
- Поставуваат и дефинираат јасни цели и начини како тие цели да се остварат и постигнуваат тимска ефикасност и ефективност при извршувањето на задачите;
- Со проектот се гради тимската култура и позитивната внатрешна атмосфера, а се развива и чувството на доверба помеѓу членовите во тимот.
Вториот дел се однесува на надградувањето на дотогаш стекнатите академски знаења на студентите во соодветните области.
- Се разгледуваат можностите за управување со производите и влијанието од моменталните услови на пазарот врз портфолиото и животниот циклус на производот, карактеристиките на успешните и на неуспешните производи и тоа како тие да се задржат на пазарот.
- Се идентификуваат конкуренцијата, трендовите на пазарот, целната група, се спроведува истражување на пазарот, се анализира процесот на донесување одлуки на купувачите и се разгледуваат сите каналите на дистрибуција.
- Потребно е да направат и да се креираат објаснувања за самиот концепт на производот и за неговото пакување, за неговите дизајнерски решенија како и комплетна маркетинг промоција на производот на пазарот.
- Да бидат целосно сигурни како да управуваат со производите во новиот свет на дваесет и првиот век.
Како резултат на претходно наведените цели, студентите имаат можност да ги имплементираат своите академски размислувања во управувањето со производите и во практичното дејствување на претпријатијата. Целиот процес низ кој ќе поминуваат студентите се состои од следните седум фази:
1. Генерирање идеи – размислување и генерирање идеи за нови производи или за нова производствена линија, како и усовршување на веќе постоечките производи, кои ќе и помогнат на компанијата да ги постигне своите цели.
2. Разгледување на идеите – дали целната група на потенцијалните потрошувачи ќе има бенефиција од производот; колкава е целната група и кои се предвидувањата за проширување кон новите целни групи; разгледување на директната и на индиректната конкуренција на пазарот; кои се трендовите на пазарот врз кои се базира самата идеја; дали е технички изводливо да се произведе тој производ; разгледување на профитабилноста на компанијата по производството и доставување на производите до крајните потрошувачи.
3. Развој на концептот и тестирање – идејата за производот им е презентирана во некој определен сегмент на потенцијалните купувачи преку писмена или усна презентација, со цел да се одредат ставовите и намерите на купувачите во однос на производот; да се утврди каква бенефиција ќе имаат купувачите; на кој начин производството ќе биде најрентабилно.
4. Бизнис анализа – разгледување на финансиската ефикасност; како новиот производ ќе влијае врз продажбата на фирмата, трошоците и профитот; проценка на рамнотежната цена, итн.
5. Техничка изводливост – дали е технички изводливо да се произведе производот со ниски трошоци и притоа да се определи разумна цена, а потоа да се создаде и одреден прототип.
6. Техничка имплементација – создавање нова програма; проценка на достапните ресурси; распореди во тимот; соработка помеѓу добавувачите; логистички план; формулирање на датабазите; разгледување на програмата и мониторинг; 7. Комерцијализација – лансирање на производот и негова промоција;
8. Буџетирање – подготовка на буџетите; разгледување на фиксните и на варијабилните трошоци за производство; идни прогнози за профитот.
Проектот Фабрика на знаење за прв пат се воведе во 2010 година, а се реализира три години по ред. Секоја година во проектот учествуваат различни компании, кои поставуваат задачи што се од нивен интерес. Во академската 2010/2011 година, во проектот Фабрика на знаење учествуваа: Млекара „Бимилк“, „Veze Sharri“ и „Lecker“, „Тутунска Банка“, „One”, „Renova“ и „Фине“. Во Академската 2011/2012 година, пак, во проектот учествуваа компаниите: „Комерцијална Банка“, „Тиквеш“, „ТАВ“, „Грозд“, „Пофикс“ и проектот за развој на регионот на Охрид, Струга и Подградец. Оваа година во проектот се вклучија: „Дирекцијата за заштита на личните податоци“, „Халк Банка“, „Комфи Анѓел“ и „Фабриката Карпош“.
Проектот завршува во текот на месец мај со организирање завршна церемонија. На оваа церемонија, секој од тимовите го презентира сработеното и се оценува успешноста на студентите во реализацијата на зададените задачи од претставниците на компаниите.
Со овој проект, Универзитетот ФОН ги надополнува своите активности за унапредување на квалитетот на наставата преку еден веќе воспоставен модел, но со оригинален пристап и со идеи. Првата година, кога Фабрика на знаење почна да се реализира како пилот проект, постигна голем и неочекуван успех. Со признанијата добиени од компаниите кои учествуваа и со позитивните реакции на пошироката јавност, проектот поттикна интерес за учество на нови големи и престижни компании. Креативните и применливи решенија на студентите го направија проектот исклучително атрактивен, а Универзитетот ФОН – горд на својот капацитет и потенцијал.